ВИДЕО: Јапонија: Неколку загинати, повеќе повредени при експлозија во фабрика

Неколку луѓе загинаа, а повеќе се повредени денеска во силна  експлозија во јапонска фабрика за хемикалии, јавуваат светските агенции.

Експлозија се случила во фабриката за производство на силиконски материјали, сопственост на „Мицибуши“, која се наоѓа во градот Јокаичи, во перфектурата Мие.

Според портпаролот на локалната полиција експлозијата е предизвикана од хемиска реакција при производството во фабриката. Тој додал дека повеќе луѓе загинале и се повредени, но, дека се уште го немаат точниот број.

Според јапонската државна телевизија најмалку пет лица загинале во експлозијата. Додека Ројтерс јавува дека 17 лица се повредени, петмина од нив се со тешки повреди.