Јапонија: Силувачот конечно уапсен по масовната потера

Јапонската полиција по масовната потера го уапсила мажот осомничен за силување, кој пред два дена побегнал од собата за испрашување на државниот обвинител.

Дваесетгодишниот Јута Сугимото, по потерата во која што биле ангажирани 4.000 полицајци, 850 возила, кучиња, хеликоптери и чамци, е пронајден како се крие во еден парк во градот Јокохама.

Тој побегнал два дена претходно во текот на состанокот со своите адвокати во канцеларијата на државниот обвинител во градот Кавасаки, јужно од Токио.

Освен масовната потера, бегалецот предизвикал паника и кај граѓаните во јапонската престолнина и околните градови, па некои родители ги испраќале своите деца до училиште, додека учениците во училиште оделе по групи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.