Јапонскиот град Камикатцу рециклира 45 категории на отпад

Пластика, хартија, метал?  Во јапонскиот град Камикатцу, кој до 2020 година сака да стане населба без ѓубре, сортирањето на отпадот не е лесно. Локалните жители се соочуваат со 45 категории на отпад.

„Да, тоа е комплицирано”, вели 39-годишниот Наоко Јокојама, “но сега сум многу еколошки посвесен отколку порано.“

Категориите ѓубре опфаќаат сè – од четкичка за заби до перница. Градот планира да го рециклира целиот свој отпад до следната година и да ја затвори депонијата.

Постапката навистина може да биде досадна, не само поради купот на категории, туку и поради предметите, како пластичните шишиња, кои мора да се мијат и да се исушат пред да бидат предадени на рециклирање. Ако предметот е составен од неколку делови и материјали, се очекува жителите да го скршат и да го стават секое парче во соодветен контејнер.

Многу делови од Јапонија бараат од жителите да го класификуваат отпадот, но повеќето од нив имаат само неколку категории. Огромното мнозинство на ѓубре се уште се гори.

Камикатсу беше многу различен до 2000 година кога градот мораше да затвори една од двете горилници, бидејќи не ги задоволуваше еколошките стандарди. Другата беше премногу мала за целоот ѓубре, а за нова, општина немаше пари.

“Ако веќе не можеме да го изгориме ѓубрето во градот, ние решивме да го рециклираме. Рециклирањето е поевтино”, рече градскиот претставник на Мидори Суг.

Камикатцу е блиску до целта. Според податоците од 2017 година, градот произвел 286 тони отпад, од кои 80 отсто се рециклирал. На национално ниво, процентот е спротивен, само 20 проценти од ѓубрето се рециклира.

Ѓубрето се гори во Јапонија бидејќи не е можно да се изгради класична депонија поради планинскиот терен.