Јапонскиот премиер падна во дупка додека играше голф со Трамп (ВИДЕО)

Јапонскиот премиер Шинзо Абе падна во дупка со песок во текот на играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп при неговата неодамнешна посета на Јапонија, пренесува во саботата американската телевизиска мрежа ABC News.

На снимката се гледа како јапонскиот политичар, откако го удира топчето се обидува да се извлече од песочната замка. Сепак, откако речиси ја постигнува својата намера, Абе ја губи рамнотежата и паѓа назад во дупката. Телевизијата во прилогот наведува дека Трамп воопшто не му обрнал внимание на она што се случило.

Абе и Трамп ја одиграа новата партија голф минатата седмица, но видеото од незгодата се појави дури сега и веднаш ги преплави социјалните мрежи.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.