Јапонските научници откриваат кој пијалак е најдобар за срцето

Консумирањето на незасолен доматен сок го намалува ризикот од развој на болести на кардиоваскуларниот систем, се заклучува во студијата на научниците од Токискиот медицинско-стоматолошки универзитет, пренесува порталот MedicalXpress.

Групата научници го спровела истражувањето со учество на 184 мажи и 297 жени, кои во текот на една година го консумирале овој пијалак во неограничени количества. На крајот од студијата, експертите ја проверувале состојбата на срцето и крвните садови кај пациентите, во споредба со систуацијата пред почетокот на истражувањето.

Се покажало дека кај 94 учесници со артериска хипертензија или нетретирана прехипертензија значително бил намален крвниот притисок. Покрај тоа, кај 125 волонтери претходно високото ниво на LDL холестерол било намалено. Добиените резултати во подеднаков сооднос се забележани и кај мажите и кај жените, како и кај возрасните групи.

Така, систолниот крвен притисок се спуштил од просечните 141,2 до 137,0 mmHg, а дијастолниот крвен притисок се намалил од просечните 83,3 до 89,9 mmHg. ЛДЛ холестеротлот кај 125 лица со високо ниво на холестерол, се намалил во просеј од 155,0 до 149,9 mg/dL.

„Колку што ни е познато, нашето истражување е првото коешто го проучува ефектот од консумирањето домати или производи од домати врз ризикот од развој на кардиоваскуларни болести во текот на цела година и во широт опсег на возрасните групи“, се наведува во студијата објавена во специјализираното медицинско списание Food Science & Nutrition,