Јариќ поради Лима заврши во речник

Поранешниот кошаркар Марко Јариќ ни виновен ни должен се најде во речник на популарниот англиски сајт „Urban dictonary“, под дефиниција „Marko Jaric‘d“.Имено, тој поим во нивниот речник опишува човек кој успеал да освои девојка која е исклучително над него.

„Адриана е многу позгодна и поубава од Марко. Не знаеме како успеа да ја освои и затоа мора да постои посебна дефиниција за зборот, под име „Marko Jaric‘d“, наведено е во објаснувањето за тој поим.

„Urban dictionary“ е познат по послободните дефиниции на секојдневните зборови, кои се како сленг. Ги има околу три милиони.

Така на комичен начин е претставен Марко Јариќ кој со ангелот на „Викторија сикрет“ е во брак од 2009 година.