Јаулески: СДСМ ветуваа многу, но веќе две години состојбата во студентските домови е катастрофална

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови директорот на Државниот студентски центар – Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови. Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески кој додаде:

Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла. Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата.

Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки.“

Господине Заев, Дарко Каевски и Ивана Туфегчиќ дали знаете во какви субхумани услови живеат студентите. Ветувавте многу, а не направивте ништо. Ги разочаравте студентите. Дали за да се подобри храната е потребно да поминат уште две години? Дали за топла вода е потребно уште две години? Колку време е потребно за да се поправи лифт во студентски дом? До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри ? Ништо од тоа што ветивте не остваривте. Казната од младите доаѓа. СДСМ никогаш повеќе, потенцираше Јаулески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.