Јаулевски: Младите ќе му нанесет голем пораз на СДСМ

Најголемиот пораз на СДСМ ќе му го нанесат младите истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски, во гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на телевизијата Алфа, обраќајќи се до својот соговорник претседателот на СДММ, Дарко Каевски.

Јаулевски истакна младите ќе го казнат СДСМ бидејќи, висококвалификуван и образуван кадар се отфрла на конкурсите за вработување во јавната администрација, а на негово место се вработуваат роднини и блиски на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

Сега ќе ви објаснам зошто младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз. Младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз затоа што висококвалификуваните кадри ги отфрлате од Република Македонија. Последен пример за тоа е последниот конкурс за дипломати во МНР. Впрочем имаше три писма од разочарани кандидати, кои што магистрирале и докторирале во странство на сопствен трошок, како се одбиени од министерството за надворешни работи, додека министерот на истоименото министерство единствено што направи е стипендијата за неговата ќерка од 40 илјади евра. Но нејсе, епидемијата на непотизам е она што ги одвраќа младите од Република Македонија. Впрочем ова се статистики од Фридрих Еберт, осум од десет млади размислуваат да ја напуштат Република Македонија, веќе половина од нив превземаат конкретни чекори да ја напуштат државата. Знаете од што се тие разочарани, од непотизмот, од корупцијата, младите во Република Македонија веруваат дека побрзо со врски отколку со знаење ќе стигнат до работно место, знаете зошто е тоа така? Затоа што висококвалификувани кадри ги отфрлате и заминуваат од државата, за место синот и ќерката на Мира Дизел, на Хари Локвенец, на Мисовски, Кирацовски итн, рече Јаулевски.

Претходно Јаулевски остро ја критикуваше власта поради неостварените ветувања кон младите, ветувања и проекти кои се дел од предизборната програма на СДСМ ,,Планот за живот’’. Иистакна дека власта конкретно ништо нема сработено за младите, кои денес живеат полошо од било кога.

Јас само ќе го потсетам на неколку ветувања на Владата предводена од Зоран Заев, односно од нивната програма, од ,,Планот за живот’’. На страница 224 од планот за живот ветивте, изградба на студентски града со модерни архитектонски решенија, со фитнес центри, со кино сали, со ресторани, со библиотеки, не само што тоа не го гледаме дека се случува во првите шест месеци како што е најавено во програмата. Напротив слушаме од она што го велите, дека Владата најавува, владата може, владата ќе. Конкретно нема ништо сработено. На жалост реновирањето на студентските домови остана само празно слово на хартија, на жалост денес студентите живеат многу полошо, денес студентите наоѓаат лебарки во храната, наоѓаат отпушоци во храната. Топлата вода се исклучува после 12 часот во студенскиот дом Кузман, рече Јаулевски.