Јазикот и идентитетот се стекнато право, тоа е затворена тема

Јазикот и идентитетот се стекнато право и тоа е затворена тема. Можеби разговараат и ова стекнато право да го изгубиме. Ниеден преговарач од македонска страна нема право да отвора тема што е затворена. Не знам за што разговараат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Призма.

Тој ја проблематизира и изјавата на премиерот Зоран Заев, во која вели дека е подготвен и за крај на политичка кариера, што според Мицковски  значи дека Заев е подготвен да оди и на недостоинствено решение.

Ако е достоинствен компромисот, зошто да става крај на кариерата, таа треба да се вивне по нагорна линија. Но, се обидувам да бидам во чевлите на човекот кој бара три евра за квадрат – евро за Црквата, евро за Вицето, евро за партијата… Се обидувам да се ставам во чевлите на премиерот на државата, како го гледа грчкиот премиер и како прави недостоинствен компромис и ги уништува националните интереси“, вели Мицкоски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  тврди дека сака да успеат разговорите за решавање на спорот.

На неодамнешната средба со Коѕијас, тој го прашал дали доколку не успеат преговорите, Грција ќе го блокирате патот на Македонија кон ЕУ?

Не добив конкретен одговор, но ќe се обидам да парафразирам една негова реченица: ‘И кога дозволивме да добиете статус на кандидат, договорот беше да се реши името, па еве 15 години сѐ уште не е решено, така што мислам дека граѓаните на нашата држава не можат да го прифатaт тоа’“, вели Мицковски.