Јемен: Се удавија 42 мигранти од африканските земји

Африкански имигранти се удавија во близина на брегот на Јемен. Бродот кој бил пренатоваран со имигранти се превртел во близина на брегот Бир Али во јужниот дел на провинцијата Шабва.

Бродоломот бил фатален за 42 имигранти, а поморската контрола спасила 30 лица. Трагедијата се случила доцна синоќа. Спасените имигранти се пренесени во камп за бегалци во Мајфи.

Според Интернационалната Организација за миграција од 2012 година во Јемен и Саудиска Арабија мигрирале 84.000 лица од африканските држави со желба за подобар и побезбеден живот.