Јеменските Хути подготвени за мир, ги прекунуваат ракетирањата на Саудиска Арабија

Јеменските шиитски бунтовници Хути објавија во неделата прекин на нападите со беспилотни летала и ракетирања на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, како и на своите противници во Јемен на барање на Обединетите нации и објавија дека се подготвени за мир.

Меѓународниот притисок расте врз двете завојувани страни во Јемен, во кој досега загинаа над 10.000 луѓе, претежно цивили и многу деца, а земјата ја доведоа на работ од глад.

Хитите го објавика прекинувањето на ракетирањата откако сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија наред прекин на офанзивата на главното јеменско пристаниште Худејдах, кое е под контрола на шиитските бунтовници.

„По нашите контакти со претставникот на ОН и неговото барање да се запрат ударите со беспилотни летала и ракети…, ја објавуваме нашата иницијатива… да ги прекинеме нападите со прокетили и дронови врз земјите агресори“, изјави Мохамед Алуи ал-Хути, челник на Врховниот револуционерен совет на Хутите.

Специјалниот претставник на ОН, Мартин Грифитс, се обидува да ги спаси мировните преговои по пропаѓањето на првиот круг од нив на кој Хутите не се појавија. Грифитс се надева дека ќе оствари нов круг преговори кон крајот на годината во Шведска, на кој би се договорила рамка за мир под преодна влада.

Побинетите Хути кои четири години војуваат против јеменската влада која ја поддржува Саудиска Арабија, најавија дека се се подготвени да договорат преки на огнот „доколку коалицијата предводена од Саудијците сака мир“.

Kоалицијата којашто на води Ријад интервенира во јеменскиот конфликт од март 2015 година, за да го сопре напредувањето на бунтовниците во конфликтот Јемен од 2014 година на племенската заедници Хути (Хусити) и нивното шиитско движење „Ансар Алаа“, поддржани од Иран, и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, од едната страна, и владините сили и милициите лојални на сегашниот претседател Абд Раба Мансур Хади. Владините сили ја имаат копнената и воздушната поддршка на арапската сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Специјалниот претставник на ОН во Јемен, се обидува да ги спаси мировните преговори, кои беа прекинати во септември по масакрот во кој саудиската коалиција погоди автобус со деца кога имаше над четириесет жртви. Покрај тоа, преговорите беа прекинати откако Хутите не се појавија, обвинувајќи дека коалицијата предводена од Ријад го спречила патувањето на нивната делегација. Со ова се зголеми опасноста од повторен напад врз градот на брегот на Црвеното Море. Худејдах е главното јеменско пристаниште, како и извор на хуманитарна помош за многу Јеменци на кои им е неопходна.