Јенс Столтенберг ја превзема должноста во НАТО

Новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја презеде должноста кој претходните пет години ја извршуваше Андерс Фог Расмусен, јавуваат медиумите.

Поранешниот норвешки премиер Столтенберг се појави денеска во својата канцеларија во седиштето на НАТО во Брисел, а  во текот на денот ќе претседава со првиот состанок на Советот на НАТО во кој се амбасадортите на земјите членки и ќе ја одржи првата новинарска конференција.

Јенс Столтенберг, 55 годишен социјалдемократ во два наврати беше премиер на Норвешка.

Тој е син на Торвалд Столтенберг, некогашен норвешки министер за одбрана и надворешни работи кој во 1993 година е именуван за специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за поранешна Југославија и за копретседател на Меѓународната конференција за поранешна Југославија.