Јеро ќе ја води „фуријата“ во Русија

Легендата на „Реал“ Мадрид, Фернандо Јеро е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија на претстојното Светско првенство кое утре стартува во Русија. Тој ќе го замени Хулен Лопетеги, кој денеска доби отказ откако беше објавен неговиот договор со „Реал“.

Јеро ќе има само еден тренинг со фудбалската селекција на Шпанија, пред првиот меч на Светското првенство, в петок против актуелниот европски првак Португалија. Во групата „Б“ се и селекциите на Мароко и на Иран.