Језидите сакаат да сведочат против франциска компанија обвинета за финансирање на ИД

Група од ирачката етно-конфесионална заедница Језиди, кои беа грабнати од милитантите на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) и ги претворила во сексуални робинки, сакаат да учествуваат во процесот против француската компанија „Lafarage“ за производство на цемент, која е под истрага поради наводите дека ја финансирала споменатата џихадистичка организација.

Истрагата против „Lafarage“ е покрената во Франција поради обвинувањата дека компанијата и’ давала пари на Исламската држава за да продолжи со производството во северна Сирија, во цементарницата коајшто работела од 2011 до 2014 година. Адвокатите велат дека поднеле барање језидските жени да бидат странка во случајот, којшто според нив значи прво обвинение против мултинационална компанија за учество во меѓународните злосторства на оваа терористичка организација.

„Тоа дава можност да се утврди дека Исламската држава, и сите коишто им помагале, ќе одговараат за своите злосторства и дека на жртвите ќе биде доделн само надомес. Исто така, испраќа важна порака до корпорациите кои се учесници во извршувањето на меѓународни злосторства, дека ќе се соочат со правни последици на своите активности“, вели во писмена изјава адвокатката Амал Клуни.

Језидите, етнокофенсионалан заедница чиешто верување е своевидна комбинација од елементи од древните блискоисточни религии, ултраортодоксните сунитски исламисти како и Исламската држава ги сметаат за почитувачи на ѓаволот. Околу 7.000 жени и девојки од овој народ беа грабнати во северозападен Ирак во август 2014 година и најголем дел од нив беа заточени во Мосул, каде што биле силуван и работеле како робинки.

Иако Исламската држава во Ирак беше поразена пред една година, многу Језиди се’ уште живеат во бегалски кампови, стравувајќи да се вратат во своите домови, се наведува впо извештаите на хуманитарните организации. Проблемите на Језидите го привлекоа вниманието на меѓународната јавност последните години, особено кога Амал Клуни, сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, стана правната советничка на језидската активистка за човекови права, Надиа Мурад, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2018 година. Истражувачки тим на ОН започна со работа во август, речеси една година откако го основаше Советот за безбедност за да се соберат и сочуваат доказите за овие злосторства на Исламската држава во Ирак, кои би можеле да се третираат како воени злосторства, злосторства против човечноста или како геноцид

Компанијата „Lafarge“ којашто во 2015 година се спои со швајцарската „Holcim“, ги признава грешките во Сирија. „LafargeHolcim длабоко жели поради неприфатливите грешки сторени во Сирија. Компанијата продолжува целосно да соработува со француските власти“, навел во електронска порака за Reuters портпаролот на компанијата.

Кон крајот на април минатата 2017 годинав од овој производител на цемент и градежен материјал најавија заминување на извршниот директор Ерик Олсен, откако со интерна истрага било утврдено дека компанијата на вооружени групи во Сирија им плаќала своевиден рекет за да го осигура непреченото работење на цементарницата во оваа земја.

Ланскиот март во „LafargeHolcim“ признаа дека се служеле со „неприфатливи практики“ за да обезбедат функционирње на цеметарницата во Сирија. Признанието се надоврза на медиумските извештаи од почетокот на годината дека француската влада покренала обвинение против компанијата „Lafarge“ поради купување нафта во Сирија за потребните на цементарата во Џаланија, со што ги прекршила санкциите.

Компанијата „Lafarge“ ја купила цементарницата во 2007 година и до 2010 година вложила во неа околу 680 милиони долари. Тоа беше најголемото странско вложување во Сирија надвор од енергетскиот сектор. Цементарницата е затворена пред спојувањето на франциски „Lafarge“ со швајцарскиот конкурент „Holcim“ во 2015 година.

Постојат сомневања дека „Lafarge“ купувал нафта во Сирија, кршејќи ја со тоа забраната на Европската унија од 2012 година којашто е дел од поширокиот пакет санкции против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според истражувачкиот напис од 2016 година кој го објави парискиот дневен весник Le Monde, „Lafarge“ во договор со вооружените бунтовнички сунитски групации во Сирија, вклучително и ултрарадикалната Исламска држава, ја прецизирал заштитата на своите деловни интереси во оваа земја