Јилдирим: Турција може да ја неутрализира секоја закана

Турција е способна да ја неутрализира секоја закана, изјави во неделата турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Според прицените на медиумите, оваа изјава преставува „индиректна закана и предупредување за Кипар и Грција“.

Имено, Јилдирим, при претставувањето на новата подморница во Мармарис навел дека „додека Турција се бори против тероризмот и на домашно и на меѓународно ниво, некои сакаат да ја искористат ситуацијата, смислувајќи разни планови и замки во Егејското и Средоземното Море“.

Коментирајќи ја таквата ситуацијата, тој порачал дека, „без оглед за каква закана станува збор, Турција има начини и средства за да ја отстрани“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.