Johnson & Johnson мора да плати осум милијарди долари отштета за нуспојави на лек

Суд во американската сојузна држава Пенсилванија одлучил во вторникот дека фарматскиот гигант „Johnson & Johnson“ мора да плати осум милијарди долари отштета поради тоа што не предупредил дека нивнито антипсихотик може да доведе до зголемува на градите кај мажите.

Дваесет и шестгодишниот Николас Марај од Мериленд го тужел „ Johnson & Johnson“ и неговиата филијала „Janssen“ поради тоа што како последица од земањето на леткот „Risperdal“ му се зголемиле градите.

„Johnson & Johnson“ користеле организирана шема за да заработат милијарди долари, додека неисправно го рекламирале и промовирале лекот, велат адвокатите Том Клијн и Џејсон Иткон во соопштение за медиумите. Според нив корпорацијата „го ценела профитот пред безбедноста и благосостојбата на пациентите“. Додаваат дека илјадници тужби де поднесени за овој лек, но ова е првата по која поротата одлучила да додели отштета.

Антипсихотичниот лек „Resperdal“ е во центарот на тужбата, а адвокатите на тужителот тврдат дека е поврзано со абнормален раст на женското ткиво на дојка кај момчиња, неизлечива состојба позната како гинекомастија.

Компанијата во соопштение оценува дека отштетата е „далеку несразмерна“, имајќи предвид дека првостепениот суд во 2015 година му доделил на Марај 680.000 долари.

„Компанијата е убедена дека пресудата ќе падне“, велат од „Johnson & Johnson“ и го обвинуваат судот дека на одбраната не ѝ дозволил да ги изнесе клучните докази.

Компанијата е соочена со низа тужби во повеќе американски сојузни држави, бидејќи не предупредила на правилен начин за нуспојавите од земјањето на „Risperdal“, кој им се припишува на заболените од шизофренија и биполарно растројство.

Овој лек, кој американсата Агенција за храна и лекови го одобри во 1983 година, минатата година донела заработка од 737 милиони долари. „Johnson & Johnson“, чиешто седиште е во државата Њу Џерси, пак, минатата 2018 година имаче нето заработка од 15,3 милијарди долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.