Изложбата „100-годишнина од Првата светска војна“ вечерва ќе се отвори со проекција на филмот „44 бунтовници“, во Кинотеката на Македонија.
Изложбата ја организира Амбасадата на Словачка во Македонија, а на отворањето ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Филмот „44 бунтовници“ е посветен на легендарната побуна на словачките трупи против офицерите на Австро-унгарската армија, стационирани во српскиот град Крагуевац за време на Првата светска војна.