Јоргос Арванитис добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Добитник на наградата за живтно дело „Златна камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  е светски познатиот кинематографер Јоргос Арванитис. Ова беше соопштено на  третата прес-конференција посветена на јубилејното издание на фестивалот од директорката Гена Теодосиевска.

Годинава Интернационалниот фестивал на  филмската камера „Браќа Манаки“ ја слави уметноста на Јоргос Арванитис, еден од најважните европски директори на фотографија на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, беше истакнато меѓу друготот на денешната прес-конференција на ИФФК „Браќа Манаки“ на која беше соопштено дека Арвантис ќе ја добие наградата за животно дело „Златна камера 300“.

Јоргос Арванитис е роден на 22 февруари, 1941, во Дилофо, мало селце во управната единица Фтиотис, Централна Грција, и зад себе има кариера долга повеќе од пет децении, која брои над 140 филмови, а особено е прославена неговата соработка со еден од најпознатите грчки режисери Теодорос Ангелопулос. Почнувајќи од 1970 година, тие заедно работеа на десет филмови, од кои последниот, „Вечноста и еден ден“, беше награден со Златна палма во Кан во 1998 година.

Тој е назначен за претседател на Филмскиот фестивал во Солун во 2015 година, и на Грчкото друштво на кинематографери во 2019, Јоргос Арванитис не престанува со работа. Педесет и три години откако го потпишал својот прв филм како директор на фотографија, продолжува да биде џиновска фигура во европскиот филм, ќе напише Масимо Леки, филмски критичар, Италија

„Арванитис е француско-грчки кинематографер и филмски уметник кој работел со големи имиња од грчкиот и од европскиот филм, но и со оние кои штотуку доаѓаат. Кога телефонски му соопштивме дека е лауреат, тој остана без зборови и имаше долга пауза во слушалката“, изјави директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Таа додаде дека една награда ќе биде доделена на отворањето, а другата на затворањето на фестивалот, за да се увеличи неговото 40. издание, што ќе се одржи од 14 до 21 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.