Jотова во Oхрид ќе отвори канцеларија на здружението „Хоризонти“, откако вчера од Битола порача дека во Бугарија нема македонско малцинство

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе престојува во посета на Охрид.

Јотова, која вчера и денеска е во посета на земјава, утре во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“.

Јотова ќе присуствува и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“

Инаку, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на отварањето на клубот во склоп на културниот центар Иван Михаилов во Битола, истакна дека дошле за да ги поддржат Бугарите во Република Македонија и да го отворат новиот клуб. Таа истакна дека позицијата на Бугарија е непроменета во однос на почетокот на преговорите.

– Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто, рече потпретседателката Илијана Јотова во Битола на прашање дали ќе довозлат отварање на сличен клуб во нивната земја.