Јован Илиевски положи заклетва како судија при Европскиот суд за човекови права

илиевски

Илиевски од денеска официјално ќе заседава во најпрестижната европска судска институција, гарантот на човековите права во Европа – Европскиот суд за човекови права, откако ја положи свечената заклетва. Тој во Судот заседава во името на Република Македонија, но одлуките на судиите не се донесуваат по национална основа на припадност на една или друга држава членка на Советот на Европа.

Илиевски беше избран за судија на есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа одржана во октомври 2016 година.

Неговиот мандат ќе трае девет години. Засега во сегашниов формат на Судот од Стразбур, тој е член на првата секција на Судот.

Јован Илиевски на функцијата европски судија за човекови права ја наследи досегашната судијка Мирјана Лазарова-Трајковска, која по девет години поминати на оваа функција и последните години како претседател на петтата секција, ја напушти функцијата по крајот на мандатот на 31 јануари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.