Јовановски: Никогаш нема да ја изневерам мојата татковина

Никогаш нема да ја изневерам мојата татковина и никогаш нема да гласам за промена на уставното име на Македонија, вели во своето јавно обраќање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски.

Порачува притоа дека е христијанин и воспитуван во таквиот дух на сите им ги простува гревите, бидејќи, како што истакнувам Јовановски, не знаат што прават.

„На тој што прв ме нападна му порачувам: во најможен краток рок да објави материјален доказ, од кого, кога и на кое место сум примил 250.000 евра за да го извршам велепредавството. Ги повикувам органите на партијата јавно да се оградат од обвинувањата кон мене, бидејќи обвинувањето кон мене е и обвинување кон партијата. Во спротивно ќе сметам дека обвинувањата се заеднички. Се колнам, во својата чест и морал дека никогаш нема да ги изневерам принципите на партијата, никогаш нема да ја изневерам мојата татковина и никогаш во собранието нема да гласам за промена на уставното име на Р.Македонија а со цел промена на уставот“, порачува пратеникот.