Јовевски: Случаите од СЈО да се префрлат на други обвинителства е нерационално решение

Нерационално  решение е сите постапки на СЈО кои се отворени од самото постоење да бидат предадени во републичкото обвинителство, а потоа републичкиот обвинител да ги прераспределува на други обвинители, изјави за ТВ 24 републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

– Не е рационално решение, но не значи дека е неизводливо. Сепак мислам дека и во таква ситуација според надлежноста најголем дел од предметите би припаднале токму во новото специјализирано одделение за гонење висока корупција и не гледам друга поента за такво решение освен дека ќе се создаде хаос. Ако сѐ што имаше како случај СЈО се префрли на други обвинителства ќе се изгуби дополнително време, месеци за тие нови обвинители да ги проучат предметите. Не верувам дека ова ќе биде прифатено, со оглед на фактот дека премногу ресурси и време се вложени во СЈО за да бидат сработени тие предмети – рече Јовески.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на прес конференција образложувајќи го предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за Јавното обвиителство изјави дека се што има СЈО како предмет да биде предадено на републичкиот обвинител и тој понатаму да решава каде тие предмети ќе припаднат според надлежноста.