ЈП Водовод: Рационално употребувајте ја водата

Врз основа на податоците и најавениот топлотен бран од страна на УХРМ во наредните неколку дена, ЈП Водовод и канализација – Скопје, апелира до граѓаните на Град Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

-Ги замолуваме сите граѓани до следното известување да ги следат препораките од надлежните за заштита од високите температури, наведуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.