ЈСП Скопје го потврди инцидентот меѓу негови контролори и патник

СП Скопје сака да ја информира јавноста дека е запознаено со денешниот инцидент кој се случил меѓу патник и двајца контролори во автобус на линија бр. 2 во Сарај кон Центар, неколку минути по пладнето, а кој за кусо време ги преплави социјалните мрежи, стои во соопштението од претпријатието за денешниот инцидент меѓу патник и контролори.

„Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка, стои во соопштението

Додават дека ЈСП Скопје не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид.

„Истите можат секојдневно да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopjee , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка“.