ЈСП со нова информација за граѓаните- промена на возниот ред

79

Автобуската линија 21 што сообраќа од Транспортен центар до Бардовци од денеска ќе има измени во возниот ред во вечерните часови.

Како што соопшти ЈСП Скопје, во петок и сабота досегашниот термин 22:50 часот се поместува во 23:05.

Со ова ЈСП го исполнува барањето на жителите од Бардовци кои официјално поднесоа иницијатива автобусот на посочената линија да сообраќа подоцна за време на викендите, информира компанијата.

 

ЈСП Скопје ја донесе одлуката по направените анализи на терен во соработка со Град Скопје, процедура која е неопходна при било какви измени на утврдениот единствен возен ред.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.