Јубилеј 40 години Sony Walkman

Оваа година се навршуваат 40 години откако настана првата, голем и лична револуција во персонално аудио – Walkman на Sony.

Приказната за „Сони“ е многу интересна. Настанала како последица на една случка.

Имено, дирекоторт на „Сони“, Akio Morita, често бил на интерконтинентални летови, Tокио – Лос Анџелес и на долгиоте летови една од ретките забави освен заедничкиот проектор, на кој обично се емитувал некој филм кој требал да задоволи широк вкус што на крај резултира со нешто досадно, било и слушањето музика. Добиваш авионски слушалки со многу лош квалитет, ги вклчуваш најчесто во наслонот за рака од седиштетона кој има едно округло копче со бројки од 1 до 9 или помалу, тоа означувало канал со различна музика. Како што реков, изборот бил генерално универзален со поп, фолк, интернационална музика и толку. Квалитетот лош, изборот лош, а директорот на „Сони“ со префинет вкус на кој на едно враќање од ЛА му пука филмот. Веднаш по слетувањето наместо дома, да се разгаќи како што ние прво би направиле, три дена распакување, оди во компанијата и свикува состанок со инжинерите на „Сони“, од кои бара да му направат персонален касетен репродуктор на звук со висок квлалитет и соодветни слушалки. Кастетата во тоа време била најкомпакнта и најраширена како музички продукт, па затоа и е одбран тој формат. Во 1979 година „Сони“ го промовира својот продукт кој доживува вистински светски бум.

На сликата го имате првиот модел, кој јас, лично го дибив од татко ми кој два месеци по промоцијата беше на службен пат во Хонг Конг и оттаму ми го донесе на подарок ова чудо. Имаше црно метално тело, приклуок за два пара слушалки со портокалови сунѓерчиња, вграден микрофон и портокалово копче одозгора служеше да се вклучи микрофонот кој ги ловеше надоврешните звуци кои одличлно служеа за комуникација или кога се наоѓате во густ сообраќај. Не можам да ви ја опишам романтиката на миговите кога со девојка со два пара слушалки, еден до друг слушавме и преслушуваваме иста музика. А, никогаш нема да заборавам кога отидов со него, сам во Охрид еден сив и дождлив ден, шетајќи на кејот, додека го преслушував Оксижен на Жан Мишел Жар. Како да бев во некаков надреален преубав ден и кој никогаш нема да го заборавам. Идејата за персонално аудио беше толку добра, а кавлитетот на вокменот толку висок што го користев и како дел од аудио хај-фај опрема, затоа што навистина имаше одлична репродукција. За жал јадеше батерии како ламја, но не жалев, а потоа почнаа и се повтини и повеќе ричарџибл да се појавуваат.

Не го сочував, не, воопшто, го имав скоро 30 години и ми се распадна од користење, ама буквално, излитен искривен, изгребан, ицрпен му ја извадив „маста“ и „исцицав“ се’ од него, жалам што не го имам како носталгија, но не жалам затоа што го искористив на најдобар можен начин. Мојата генерација памети како одеднаш знаев да им направам журки вадејќи го од под јакна како револевер, приклучувајќи го на појачало и лудница, било каде, со било кој.

Чинеше скоро денешни 500 евра, скапа играчка за тоа време, затоа и се појавија толку многу деривати и модели подоцна, поевтини и покомплицирани, но мене ми останува засекогаш мојата прва љубов, јас мојот вокмен и мојата музика изолиран од лудилото на градскиот метеж создавајќи убав личен амбиент во било која прилика на било кое место. Денес немам вокмен, но мојот мобилен пред се ми служи токму за ова, па после се’ останато, 128 гигабајти е полн со музика, затоа што таа ме одржува при здрав разум во овие луди времиња.

Бонус анегдота

Лето 1980, се враќам од пијанка од кај другари, одам пешки среде улица во 4 наутро со вокменот на уши. Ми блендира некој одзади, се вртам, полиција. Искачаат двајца, културно одпоздравуваат, ми бараат лична, се е ок. Ми ги гледа жичките околу вратот и ме прашува што е тоа? Му викам…

-… касетофон со слушалки за слушање музика

– А од кај ти е?

-Од Хонг Конг

-Ааааа, од Америка, а?

https://www.youtube.com/watch?v=xOTfzZCyCmo

Автор: Јанко Илковски за НетПрес