Јунајтед до три седмици без двајцата напаѓачи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави во петокот дека во следните две до три седмици нема да може да смета на напаѓачите Ентони Мартиал и Џеси Лингард, кои имаат повреди на мускулите по судирите во првтоо полувреме од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони против Пари Сен Жермен.

Јунајтед со тоа ќе биде значително ослабен во ваќните натпревари следната седмица, кога во понеделник ми гостува на Челзи во осминафиналето на ФА Купот, додека во недела ќе му биде домаќин на Луверпул во големото дерби на англискиот фудбал во рамките на 27-то коло од Премиер лигата.

По повредите на Мартиал и Лингард, на Солскјер на располагање му остана сано двајца етаблирани напаѓачи, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, додека шанса би можеле да добијат младите Анхел Гомеш и Тахит Чонг

„Ентони и Џеси ни донесоа многу убави работи во последно време. Но сега се на ред Рома и Алексис кој имаат поинакви квалитети да се покажат. Сѐ уште имаме напаѓачки опции со Анхел и Чонг, кои тренираа со нас оваа седмица и постојат големи изгледи дека и тие ќе заиграат“, рече Солскјер.