Јунајтед го елиминираше Арсенал од ФА купот

66

Во најинтересниот натпревар од четвртото коло на најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, Манчестер Јунајтед како гостин го совлада Арсенал со 3:1 (2:1).

Иако домашните фуриозно го започнаа дуелот, гостите од Манчестер поведоа со 2:0 во интервал од само две минути, кога Санчез во 31 и Лингард ов 33 ги искористија асистенциите на Ромелу Лукаку по двете крилни позиции. Надежите на „Топчиите“ им ги врати Обамејанг во 43 минута, но во продолжението Мартиал во 82 минута ја потврди осмата последователна победа на „Црвените ѓаволи“ под водство на новиот менаџер, Оле Гунар Солскјер.

Во петокот во рамките на колото се играше и дуелот на второлигашите, а Бристол Сити на домашен терен го надигра Болтон Ведерерс со 2:1. Гостите дојдоа во водстгво преку Биверс во 6, а пресвртот го направија О’Доуда во 8 и Илиејсон во 30 минута.

Во сабота играат Акрингтон Стенли – Дерби Каунти, Свонси Сити – Гилингам, Шрусбери Таун – Вулверхемптон, Брајтон енд Хоув Албион – Вест Бромвич Албион, Донкастер Роверс – Олдам Атлетик, Мидлсборо – Њупорт Каунти, Манчестер Сити – Барнли, Портсмут – Квинс Парк Ренџерс, Њукасл Јунајтед – Вотфорд, Милвол – Евертон и Вимблдон Вест Хем Јунајтед, во недела Кристал Палас – Тотенхем и Челзи – Шефилд Венсдеј, а во понеделник Барнет – Брентфорд

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.