Јунајтед го наплаќа долгот на Свонси

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед денеска ќе се обиде да стави крај на серијата од три натпревари по ред без победа.

Избраниците на Дејвид Мојес експресно добија шанса да му се реваншираат на Свонси за непријатната елиминација од англискиот Лига Куп, а според последните информации кои пристигнуваат од “Олд Трафорд”, по кратка пауза, нападот на “црвените ѓаволи”, повторно ќе го предводи Вејн Руни.

Новајлијата во елтното друштво, Хал Сити ќе се обиде да остане непоразен во дуелот со големиот фаворит за шампионската титула, тимот на Челзи, а предноста на домашниот терен, во пресметката со екипата на Крситал Палса, ќе се обидат да ја искористат фудбалерите на Тотенхем.

Денеска на програмата: Хал – Челзи, Кардиф – Вест Хем, Евертон -Норвич, Фулам – Сандерленд, Саутемптон – ВБА, Тотенхем – Кристал Палас, Манчестер Ј. – Свонси.