Јунајтед и Тотенхем во полуфиналето на ФА купот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и на Тотенхем се првите полуфиналисти на годинешното издание на најстарото фудалско натпреварување на светот англискиот ФА куп.

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ го совлада Брајтон со 2:0, додека Тотенхем на гостувањето го порази Свонси Сити со 3:0.

Победата на „Црвените ѓаволи“ им ја донесоа Ромели Лукаку во 37 и Немања Матиќ во 85 минута.

Тотенхем рутински стаса до победата, а колкава беше доминацијата на гостите покажува податокот дека упатија дури 25 удари кон противничкиот гол. Головите ги постигнаа Кристијан Ериксен во 11 и 62 минута, и Ерик Ламела во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Интересно е што сите три гола беа постигнати со удари надвор од шеснаесетникот и од речиси идентична позиција.

Во преостанатите два четвртфинални дуала во недела се среќаваат Лестер – Челзи и Виган – Саутемптон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.