Јунајтед ќе понуди 70 мил. евра за Погба и Видал

Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сезационалната информација дека раководните лица на најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се подготвени да одвојат околу 70 мил. евра за интернационалниот двоец од редовите на актуелниот шампион на Италија, Јувентус.

Наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес ќе добие на располагање буџет од околу 150 мил. евра и истиот ќе биде потрошен на неколку фудбалери кои би пристигнале на “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.

Скоро половина од планираниот буџет, Мојес сака да го потроши на францускиот интернационалец Пол Погба и на чилеанскиот интернационалец, Артуро Видал.

Интересно е да се напомене, дека Погба неколку сезони го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но на стартот од минатата сезона, челниците на Јунајтед го информираа 20-годишниот играч за врска дека не е доволно талентиран и дека нема да му понудат нов договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.