Јунајтед предмет за исмејување и за менаџерот на Њукасл

Дека актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед е предмет на исмејување откако е менаџиран од наследникот на сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојес, покажа и последната изјава на актуелниот менаџер на Њукасл, Алан Пердју кој верува дека неговиот тим може да заврши пред големиот ривал на крајот од актуелната сезона.

“Нема ништо сигурно кога е во прашање борбата за опстанок. Според мене, потребни се најмалку 40 бода за останеш дел од елитното друштво. Њукасл нема освоено 40 бода и не можам да кажам дека сме на сигурно. Искрено, ме охрабри конечниот резултат од дуелот помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Фулам. Мислам дека можеме да ги поминеме на првенствената табела, дека можеме да завршиме пред Јунајтед на крајот од актуелната сезона. Ако успееме, тоа ќе биде одличен резултат за Њукасл”, изјави Пердју.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.