„Јунајтед“ против „Валенсија“ ќе се вади од кризата

Денеска се играат првите осум натпревари од второто коло на Лигата на шампионите и тоа во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“. Дерби натпреварот е во Манчестер каде „Јунајтед“ ја пречекува „Валенсија“, додека бранителот на трофејот, „Реал“ Мадрид е домаќин на ЦСКА Москва.

Во новиот термин од 18.55 часот ќе играат „Хофенхајм“ и „Манчестер Сити“,  како и „ Јувентус“ и „Јанг Бојс“. Англискиот шампион во Германија ќе треба да се „вади“ по поразот од 1:2 од „Олимпик“ Лион на „Етихад“. Тимот од Торино, пак, ќе му биде домаќин на дебитантот од Швајцарија.  За „Старата дама“ нема да настапи Кристијано Роналдо, кој е суспендиран еден натпревар поради црвениот картон кој го доби во првоо коло против „Валенсија“

Останатите натправри почнуваат во исто така новиот термин во 21 часот.

АЕК во Атина ја пречекува „Бенфика“, а двете екипи стартуваа со порази. Грчкиот шампион беше поразен од „Ајакс“, а Португалците од „Баерн“. Дерби во групата „Е“ се игра во Минхен каде „Баерн“ го пречекува „Ајакс“.

„Манчестер Јунајтед“ е домаќин на „Валенсија“, но „Црвените ѓаволи“ се во резултатска криза по двата порази од „Дерби“ во Лига купот и од „Вест Хем“, како и од нарушените односи меѓу тренерот Мурињо со фудбалерите.

„Реал Мадрид“ исто така им е должен на навивачите бидејќи во две натпревари во Ла Лига не постигна ниту еден гол. Фудбалерите на „Рома“ по поразот во Мадрид влегоа во ритам и важи за фаворит во мечот во Рим против „Викторија Плзен“. Полјаците, пак, во првиот меч ремизираа со ЦСКА.

„Олимпик Лион“ по победата над „Сити“  ќе го пречека „Шахтор“, кој одигра 2:2 со „Хофенхајм“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.