Јунајтед славеше во Торино, Сити со „шестка“

Во дербито на вечерта во средата во фудбалската Лига на шампионите Манчестер Јунајтед во Торино изненандувачки и речиси без игра го победи Јубентус со 2:1 во последните пет минути од дуелот.

Јувентус доминираше во текот на целиот натпревар, водеше со 1:0 и имаше низа шанси, а притоа двпати неговите играчи ја погодија рамката од противничкиот гол, но победата отиде кај гостите од Манчестер. На „Старата дама“ математички и’ беше потребен само бод за да се квалификува во следната фаза, но „Црвените ѓаволи“ го шокираа Јуве.

Во првото полувреме немаше голови, а најблиску до погодок беше во 36 минута кога Семи Кедира ја погоди стативата на повратна топка од Кристијано Роналдо. Пречката ја погоди и Паоло Дибала во 49 минута, во меѓувреме Квадрато не реализираше стопроцентна шанса, повторно на повратна топка од Роналдо кој во 65 минута го постигна својот прв гол за Јувентус во Лигата на шампионите, и тоа на својот поранешен клуб. Но израмни штотуку во игра влезениот Хуан Мата од слободен удар во 85 минута, по непотребно направен прекршок пред казнениот простор на домашните. Јувентус беше дефинитивно шокиран во 89 минута кога во мешаницата пред домашниот гол најверојатно Бонучи ја втурна топката во сопствената мрежа.

Во натпреварот од истата група Валенсија ги совлада Јанг Бојс со 3:1, што е првата победа за шпанскиот претставник во групата. Домашните поведоа во 14 минута преки Санти Мина, а во 37 минута израмну Рожер Асале. Две минути пред крајот на полувременот Мина ги доведе „Лилјаците“ во ново водство, а чекор поблоски до победата стасаа во 56 минута кога Карлос Солер постигна убав гол. Сите дилеми околу победникот беа решени во 77 минута кога швајцарскиот тим остана со играч помалк, откако беше исклучен Секуи Саного по остар старт врз противнички играч.

На табелата од Групата Х, Јувентус води со 9 боидови, Манчестер Јунајтед има 7, Валенсија се има 5 а Јанг Бојс имаат само еден бод.

Актулениот европски шампион Реал Мадрид на гостувањето во Чешка оствари рутисна победа над Викторија Плзен со 5;0, иако настапи без организаторот на играта Лука Модриќ. „Кралскиот клуб“ веќе во првото полувреме постигна четири голови, а во вториот дел уште еден. Стрелци беа Карим Бензема во 21 и 37, Касемиро во 23, Герет Бејл во 39 и Тони Крос во 67 минута.

Во вториот дуел од групата Рома славеше во Москва над ЦСКА со 2:1, а оваа судиски подарена победа „Волчицата“ ја приближи до пласман во осминафиналето. Гостите поведоа во 4 минута со голот на Костас Манолас по нафрлување од корнер. Домашните најдобрата шанска за израмнување ја имаа во 38 минута кога Облјаков излезен сам пред Олсен, но шведскиот голман одбрани. Подобрата игра ЦСКА ја ефектуираше со израмнување во 52 минута, преку Арнор Сигурдсон, Клучниот момент на дуелот се случи во 56 минута кога домашните остнаа со играч помалку, откако ппо вториот жолт картон беше исклучен Хордуд Махнусон. Три минути подоцна Рома поведе со 2:1 со гол кој од офсајд го постигна Лоренцо Пелегрини. ЦСКА до крајот на мечот настојуваше да израмни, но и успеа тоа да го стори со играч помалку.

Во Групата Г на втвот се Рома и Реал Мадрид со по 9 бодови, ЦСКА остнаа на 4 а на дното е Викторија со само еден бод но и меч помалку.ж

Баерн Минхен на својата „Алианц Арена“ не блескаше но со 2:0 го победи АЕК, а двата гола ги постигна Роберт Левандовски. Првиот во 31 минута од пенал, а вториот Полјакот го постигна во 72 минута. Во вториот меч од групата Бенфика и Ајакс одиграа 1:1. Јонас ја доведе Бенфика во водство во 29 минута, а израмни Душан Тадиќ во 61 минута.

На табелата од оваа Група Е води минхенски Баерн со 10 бодови, Ајакс има 8, Бенфика 4 а АЕК нема бодови.

Манчестер Сити дома го декласираше украински Шахтјор со 6:0, но мечот го одбележа неверојатниот превид на унгарскиот судија Виктор Касаи и неговите помошници.

„Граѓаните“ поведоа во 13 минута преку Даавид Силва, но најзаслужен за голот бепе Ријад Марез кој на крилната позиција кој ја „искрши“ домашната одбрана. Мечот го одбележа настанот од 24 минута кога Касаи им подари пебнал на домашните. Рахим Стерлин одглуми прекршок, судијата наседна и покажа на белата точка, а реализатор беше Габриел Жезус. Потоа Стерлинг постигна гол и во 50 минута, во 73 повторно стрелец беше и Жезус од уште еден пенал, Марез во 83, а потоа во последните моменти Жезус постигна хет-трик.

Лион и Хофенхајм одиграа далеку посодржаен и поинтересен меч кој заврши без победник 2:2, иако домашните имаа предност од два гола. „Лавовите“ поведоа во 20 минута преку Набил Фекир од акцијата во која домашните имаа дури три шанси, а притоа и статива. Осум минути подоцна веќе беше 2:0, кога шутот на Ндомделе шутираше, играч од германската одбрана го скршна кон сопстената мрежа.

Во 51 минута гостите останаа без играч, откако беше исклучен Касим Нуху, но веќе во 65 минута Андреј Камариќ намали. Упорните Германци во третата минута од судиското продолжение успеаја да израмнат по неколку префрлувања во гостинскиот шеснаесетник, а стрелец беше Павел Кадарабек.

На табелата во оваа група води Манчестер Сити со 9 бодови, Лион има 6, Хофенхајм 3 а Шахтјар два бода.