Јунајтед тешко до победата против Вест Хем

178

Во последната средба од саботната програма на 34-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед со 2:1 го победи Вест Хем, враќајќи со во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Двата гола за „Црвените ѓаволи“ беа постигнати од пенал. Јунајтед поведе во 19 минута со голот на Пол Погба, израмни Фелипе Андерсон во 49 минута, а во 76 гостите беа на чекор до голем пресврт, но ударот на Ентони од работ на шеснаесетникот заврши во стативата. Четири минути Греам Скот го досуди и вториот пенал за домашните, а повторно сигурно реализираше Погба.

Манчестер Јунајтед со победата се проби на петтото место со 64 бодови, еден помалку од Челзи на четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите. Вест Хем е 11-ти со 42 бодови.

Тотенхем не се потроши премногу во победата од 4:0 над фенерџијата Хадерсфилд, а троен стрелец беше Луакс Моура. „Спарси“ поведоа во 24 минута преку Виктор Ванјам, а потоа на сцена стапи Бразилецот кој беше прецизен во 27, 87 и третата минута од судиското продолќение. Моура со тоа стана само четвртиот Бразилец кој во Премиер лигата постигнал „хет-трик“ по Алфонсо Авес, Робињо и Фирмињо.

Тотенхем е трет на табелата со 67 бодови, 13 односно 15 бодови помалку од второпласираниот Манчестер Сити и лидерот Ливерпул, а еден повќе од Челзи. Хадерсфилд Таун има само 14 бодови и одамна ги загуби шансите за опстанок.

Саутемптон освои важни бодови во борбата за зачувување на прволигашкиот статис, победувајќи го Вулверхемптон со 3:1. Два гола постигна Нејтан Редмонд во 2 и 30 минута, стрелец бепе и Шејн Лонг во 71 минута. Погодокот за гостите го постигна Вило Боли во 28 минута.

Саутемптон сега е 16-ти со 36 бодови, осум повеќе од 18-от Кардиф кој го држи првото место кое води во втора лига. Вулверхемтон е осми со 47 бодови и се обидува да избори квалификаци за Европската лига.

Важна победа постигна и Барнли кој во дербито на дното го порази Кардиф Сити со 2:0., а двата гола ги постигна Крис Вуд во 31 и втората минута од судиското продолжение. Барнли е 14-ти со 39 бодови, а Кардиф остана на 28 бодови.

Фулам, кој покрај Хадерсфилд со само 20 бодови е претполседен и е сигурен патник во втората лига, на домашен терен го изненади Евертон кој целеше на пласман во Европската лига. Керни во 46 и Бабедл во 69 минута беа стрелци за Фулам. Евертон падна на деветтото место со 46 бодови, но го следат екипи кои имаа помалку одиграни натпревари.

Брајтон дома беше високо поразен со 0:5 од Бормнут. За гостите погодија Гослинг во 33, Фрејзер во 55, Брукс во 74, Вилсон во 82 и Станислас во втората минута од судиското продолжение. Брајтон е пет бодови над зоната на испаѓање, а Борнмут е 12-ти со 42 бода.

Во недела играат Кристал Палас – Манчестер Сити и дербито Ливепрул – Челзи, а во понеделник Вотфорд го пречекува Арсенал.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.