Јунешки гулаш за ручек и кремпита за десерт

Состојки

Масло
700 гр. исечкан кромид
1 кг. јунешко, најдобро од плешка
малку сечкана пушена сланина
малку црвен пипер
црн пипер
1 лажица вегета
неколку шери домати
2 дл црвено вино
1 ловоров лист
малку ким
1 дл сок од портокал

Подготовка:

Загрејте го маслото и додадете го исечканиот кромид. Кога кромидот ќе се пропржи, додадете го јунешкото месо исечкано на коцки, мешајте додека добро да се пропржи за да испари сокот од месото се додека не поцрвене. Во тоа додадете пушена сланина, црвен пипер,црн пипер, вегета, домати шери, доматно пире и измешајте. Подоцна додадете вино, ловоров лист, малку ким и сок од портокал.Се добро измешајте и варете го околу еден ипол час додека месото не се свари.Повремено мешајте и ако е потребно додавајте малку вода.
Со гулашот послужете њоки, кнедли, макарони или шпагети.

 

kremsnitКРЕМПИТА ЗА ДЕСЕРТ

Состојки:

6 јајца
20 гр шеќер
2 пудинга од ванила
4 лажици брашно

1,4 л млеко

Лиснато тесто

Шеќер во прав

Подготовка

Одвојте ја жолчката од белката, потоа изматете ја со 15 гр. шеќер, додадете го пудингот во прав, брашното и 4 дл млеко. Добро измешајте и сварете ги во 1 л. зовриено млеко. Смесата варете ја како за пудинг.

Од белката и 5 грама шеќер направете цврст шлаг и потоа додадете го во зовриениот крем.
Лиснатото тесто испечете го на обратната страна на тавката и печете го на 180 степени, 10-15 минути додека не добие убава жолтеникава боја. Потоа преполовете го и намачкајте го со крем, а другата половина претходно исечете ја коцки и наредет ја на кремот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.