Јуниорите подобри од Исланд за еден кош

116

Јуниорската репрезентација на Македонија со победа го отвори Европското првенство Б-дивизија во Скопје, откако во супердраматичен меч, во самиот финиш, го совлада Исланд со 62:60.

Првиот дуел на нашиот национален тим на ЕП беше вистинска игра на нерви. Пресуди завршницата, во која Македонија беше поуспешна. Херој на националниот тим беше Лука Стојановски, кој во финишот експлодира, а потоа и положи на три секунди пред крајот, за голема радост во СРЦ „Кале“.

За Македонија У18 ова е прв триумф на првиот меч на Европското првенство.
Најдобри кај Македонија беа Стојановски, Миса и Јакимовски со по 12 поени, Какруки даде девет, а Темелковски осум поени.

Во наредното коло на Европското првенство Б-дивизија, Македонија утре игра против Холандија, во СРЦ „Кале“, со почеток од 18:45 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.