Јункер: Брегзит без договор ќе биде целосна катастрофа

Повлекувањето на Велика Британија од ЕУ без примена на правила ќе биде целосна катастрофа, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Опасностите од напуштање без договорени услови се очевидни и ќе биде целосна катастрофа, посочи тој.

-Затоа ЕК ќе стори сé што е во нејзина моќ да нема неуредна разделба. Но, за тоа се потребни двајца – како и во танцувањето, рече Јункер.

Претходно, денеска ЕК претстави 14 мерки, кои ги предлага да бидат спроведени со цел да се ублажат последиците од напуштањето на Велика Британија без спроведување на договорот постигнат со Лондон.

Тие мерки треба да бидат утврдени од Европарламентот и од Советот на ЕУ. За да стапат во сила, ќе биде неопходно тие да бидат усвоени и применети и од британска страна.