Јункер: Нема потреба од нoва средба за прашањето со мигрантите

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за германски медиуми посочил дека нема потреба за нова средба на врвот на Европската унија за прашањето со мигрантите и имиграцијата и побара државите членки итно да ги применат договорите за прашањето.

Неговата изјава е непосредно пред објавувањето на средбата меѓу канцеларот Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во Берлин.

Јункер ги повтори критиките кон европските влади за тоа дека не ги примиле мигрантите од Италија и Грција каде десетици илјади се пристигнати преку морски пат во изминатите месеци за да избегнат војна и сиромаштија во своите држави.

Немаме потреба за нова средба на врвот. Државите членки треба да прифатат европски мерки и да ги применат на своја територија, нагласува Јункер.

Тој додава дека ЕУ треба да направи еден список со „безбедни држави“ во кои мигрантите може да бидат враќани.

Состојбата со мигрантите во Гевгелија е вратена во нормала

Состојбата со мигрантите во Гевгелија е вратена во нормала
Состојбата со мигрантите во Гевгелија е вратена во нормала

По хаосот што во петокот и саботата се случи со мигрантите во Гевгелија, состојбата е вратена во нормала.

Состојбата на просторот околу железничката и автобуската станица во Гевгелија е вратена во нормала за вакви околности. Имено, во саботата на споменатиот простор настана хаос кој беше предизвикан од толпата мигранти која вчера во попладневните часови го проби полицискиот кордон на граничната линија.

Превезени 4.000 мигранти

Како што информира МИА, во саботата голем број мигранти, од три до четири илјади, со организиран железнички и автобуски превоз до раните утрински часови се превезуваа до Табановце.

Во превозот на мигрантите беа вклучени таксистите од Гевгелија, но и такси возила и комбиња од целата држава со цел да се помогне во транспортот на мигрантите кон северната граница.

Од железничка станица информираа дека во неделата, утрото во 5 чаот и 30 минути кон Табановце заминал воз со околу 500 мигранти. Следниот воз кон Табановце, кој од Гевгелија тргнал со мало задоцнување околу 10 часот и 30 минути го чекаа уште 700 мигранти. Нов воз од Гевгелија за Табановце имаше и во 17 часот. Во саботата со три редовни и две вонредни линии, по железнички пат до Табановце биле транспортирани околу 1.500 мигранти.

Голем број мигранти чекаат за влез во Македонија

МИА повикувајќи се на проценките на претставниците од УНХЦР, пишува дека во моментов голем број мигранти  чекаат влез во земјава и транспорт кон Србија, а просторот околу транспортниот центар во Гевгелија е рачистен од вчерашниот хаос.

Се грижи ли ЦИВИЛ за мигрантите или само за милионите кои ги зема за да плука по Македонија?
Се грижи ли ЦИВИЛ за мигрантите или само за милионите кои ги зема за да плука по Македонија?

Се грижи ли ЦИВИЛ навистина за мигрантите или само за милионите евра кои ги зема за да плука по Македонија? ЦИВИЛ и Дерала работат против македонските интереси, на штета на Македонија и македонските граѓани. Ова се наведува во анализата што денес ја објави порталот „Курир“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода и на темата за мигрантите ја води својата дрска кампања против Република Македонија. Овие луѓе немаат грижа за состојбата со мигрантите, туку само цел да ги нападнат македонските власти. Главниот лик на сите протести на СДСМ, Џабир Дерала кој е прв човек на ЦИВИЛ, зема огромни пари кои треба да ги заработи работејќи против земјата во која живее, пишува денес порталот „Курир“.

Тоа што последниве денови се случува на границата со Грција уште еднаш покажа дека институциите на Република Македонија имаат капацитет нашата земја да ја прикажат само во најлошо светло. ЦИВИЛ бара од властите веднаш да го променат својот однос кон мигрантите и во целост да го почитуваат меѓународното право, пишува во соопштението на ЦИВИЛ.

Порталот нагласува дека ако намерите на овие луѓе беа искрени, тогаш би било добро барем да го прочитаат законот.

Така ќе знаеја дека полицијата и армијата работат исклучиво по законите. Дерала многу добро знае каков проблем може да се направи со мигрантите и дека начинот на кој Македонија се справува со овој проблем е единствениот исправен. Но, податоците кои неодамна излегоа во јавноста, го даваат одговорот на прашањето: За што овие луѓе работат против македонската држава. Одговор: За многу пари, пишува „Курир“.