Јункер ѝ повтори на Меј дека нема отворање на договорот за брегзит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ѝ порача во четвртокот на британската премиерка Тереза Меј дека Европската унија нема повторно да започнува преговори за британското напуштање на ЕУ, но дека останува отворена можноста да се преговатра за текстот на политичката декларација за идните односи.

Јункер и Меј објавија по средбата заедничко соопштение во коешто велат дека воделе „робусна и констгруктивна расправа“. Во соопштението се наведува дека Меј го објаснила контекстот и мотивите за гласањето во британскиот парламент кој побарал „правно обврзувачки промени во одредбата за бекстопот“ на ирската граница.

Најголема пречка за ратификацијата на договорот меѓу Лондон и Брисел во британскиот парламент е ткн „бекстоп“. Британските пратеници побараа повторно да се преговара за овој заштитен механизам, кој осигурува да не се случи повторно воспоставување физичка граница на ирскиот остров, што е во спротивност со мировниот договор од 1999-та. Тие бараа бекстопот да се замени со „алтернативни аранжмани“, но не е јасно како би изгледале тие.

Бекстоп е гаранција дека по излегувањето на Велика Британија нема повторно да биде воспоставена гранциа меѓу Република Ирска, членка на Европската унија, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство. Тој би бил активиран само во случај кога во преодниот период, кој според договорот за раздружување трае до крајот на 2020 година, нема да биде најдено некое иновативно решение кои би ја отстранило потребата за воспоставување гранична контролата на луѓето и стоките.

Во заедничката изјава се вели и дека Меј споменувала различни опции за решавање на прашањето поради кое е загрижен британскиот парламент. Меѓутоа, според истото соопштение, добила одговор кој ЕУ постојано го повторува.

„Претседателот Јунке истана дека ЕУ27 нема да го отвора договрот за раздружување, кој претставува внимателно избаланскиран компромис меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, во кој двете страни направија значителни отстапки за да се дојде до договорот. Претседатгелот Јункер,сепак, изрази отвореност да се дополни текстот на политичката декларација договорен мешу ЕУ27 и Обединетото Кралство за да биде поамбициозен во смисла на содржината и брзината во поглед на идните односи меѓу двете страни. Претседателот Јункер обрати внимание на фактот дека кое и да е решение мора да биде договортено со Европскиот парламент и ЕУ27“, се вели во изјавата.

Се додава дека соговорниците се согласиле нивните тимови да разговараат за да видат дали може да се најде решение коештоп би ја добила најголемата поддршка во британскиот парламент и би било во согласност со насоките од Европскиот совет. Потоа, кон крајот на февруари, Јункер и Меј треба повторно да се сретнат за да разгледаат што донеле тие разговори.

„Разговорот е воден во духот на задничката работа за да се дојде до уредено повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ, особебо во контекстот на заедничката решеноста да се заклучи силното партнерство за иднината, имајќи ги предвид глобалните предизвици со кои заедно се соочуваат ЕУ и ОК, во одржувањето на чесна и отворена трговија, соработка во борба против климатските промени и тероризмот, како и во одбраната на меѓународниот систем заснован на правила“, се заклучува во соопштението.

Освен со Јункер, премиерката Меј во Брисел се среќава и со претседател Европскиот совет, Доналд Туск.