Јункер: Скопје и Атина да го направат тоа што историјата го бара од нив

37

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, Јункер изјави дека е “импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламента да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.