Јункер со последен предлог до Ципрас

Јункер со последен предлог до Ципрас

Неколку часа пред истекување на рокот за спас на Грција, претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер доцна синоќа излезе со нова „финална“ понуда за грчкиот премиер алексис Ципрас, јавува Грик рипортер.

Како што соопштува грчкиот портал, повикувајќи се на сопствени извори, новиот предлог се заснова на претходните но со позитивни промени во однос на пензиите и ќе и дозволи на Грција да постигне договор со кредиторите и ќе се стави крај на економскиот пресврт со кој што земјата се соочува.

Ципрас  на средба со Јункер
Ципрас на средба со Јункер

Јункер побарал Ципрас да го прифати предлогот на кредиторите, да се поддржи гласањето „ЗА“ на референдумот.

Ако Ципрас ја прифати финалната понуда на Ципрас, тогаш ќе се свика вонреден состанок на еврогрупата со цел да се понуди посебна и итна помош за Грција.

Ципрас веќе го одби предлогот на Јункер и нагласи дека на референдумот ќе гласа „Против“ и изјави дека се надева на друго речение.

Инаку, вечерва истекува рокот за следната рата во износ од 1, 8 милијарди евра што Грција треба да му ја исплати на ММФ.