Јуве го доби дербито со Милан и се оддалечува од Наполи

Во последниот натпревар од 30-то коло на италијанското фудбалско првенство Јувентус во Торино славеше со 3:1 (1:1) во дербито против Милан и создаде предност од четири бода пред второпласираниот Наполи кој освои само бод на гостувањето кај Сасуоло.

Победата на Јувентус му ја донесоа Дибала во 8, Квадрадо во 79 и Кедира во 87 минута, додека единствен стрелец за Милан беше поранешниот стопер на „Старата дама“, Бонучи во 28 минута.

Јувентус со оваа победа побегна на четири бода предност пред Наполи кој кај слабиот Сасуоло одигра само 1:1. Јуве има 78 бодови, Наполи 74, третата Рома со 60 бодови има само теоретски шанси да се вмеша во борбата за титулата, а и таа ремизираше 1:1 кај Болоња.