Јуве го скрши отпорот на Фросиноне, Милан испушти победа, нов пораз на Рома

Во последниот натпревар од петтото коло на италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус во последните десет минути успеа да го скрши отпорот на домашниот Фросиноне и со 2:0 дојде до петтата победа сезонава.

Актуелниот шампион долго се мачеше кој последниот тим во Серија А кој во првите четири кола освои само еден бод со гол ралика 0:10. Јувентус доминираше, но не можеше да најде решение за домашниот бункер. Така беше до 81 мнута кога Кристијано Роналдо го постигна својот трет погодок оваа сезана. Победата на гостите ја потврди Филипо Бернардески со голот во третата минута од судиското продолжение.

Претходно во неделата Милан и Аталанта одиграа 2:2, а гостите извлекоа бод со гол во судиското продолжение. Милан имаше водство од 1:0 и 2:1, откако во втората минута гол постигна Игуаин а во 61-та стрелв беше Бонавентура. Гостите од Бергамо израмнија преку Гомез во 54 минута а потоа Ригони постигна погодок во првата минута од судиското продолжение.

Фудбалерите на Рома продолжија со лошите резултати во новата сезона со поразот од 0:2 од Болоња и по пет кола имаат само една победа. Кризата на „Волчицата“ продолжи и на гостувањето кај Болоња, со што во пет првенствени средби и една во Лигата на шампионите забележа само една победа со три пораза.

Болоња ја совлада Рома првпат во последните 14 години, последен пат славее на својот „Ренато Далл’Ара“ стадионот во септември 2004 година. Победата за домашните ја донесоа Федерико Матиело во 36 и Сантандер во 59 минута.

Лацио на својот „Олимпико“ ја порази Џенова со 4:1, а стрелци беа Фелипе Каиседо во 7, Чиро Имобиле во 23 и 89 минута и Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 53 минута, а за гостите стрелец беше Пјатек во 46 минута.

Удинезе на гостувањето го совлада Киево со 2:0 со головите на де Пауло во 76 и Ласања во 90 минута.

На отворањето на неделната програма Наполи славеше на гости кај Торино со 3:1. Наполитанците до четвртата победа годинаа стасаа релативно рано, откако домашната мрежа ја погодија Исниње во 4 и Вердо во 20 минута. Торино намали од пенал преки Белоти во 51 минута, но Инсиње со својот втор гол во 59 минута го реши победникот на дуелот.

Во саботата Интер со голот на Брозовиќ дури во четвртата минуте од судиското продолжение успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Сампдорија. Фиорентина, пак, со 3:0 на домашен терен го победи напријатното изненадување сезонава СПАЛ со 3:0.

Шестото коло во Серија А во петокот го отворија Сасуоло и Емполи, а домашните славеа со 3:1.

На табелата води Јувентус со максималните 15 бодови, додека втор е Наполи со три бодат помалку. Фиорентина и Сасуоло изнанедувачки се на третата и четвртата позиција со по 10 бодови, како и СПАЛ кој е шести со 9 бодови, колку што има и Лацио едно место погоре.

На дното е Киево кому му беа одземени три бода со минус 1 бод, колку што има и Фросиноне, место погоре, а во зоната за селење во Серија Б е и Болоња со 4 бодови.