Јуве и Интер со пресврти до победите на гостински терен

Во дербито од 2-то коло на италијанскиот фудбалски шампионат во саботата вечерта Интер со пресврт како гостин ја совлада Рома со 3:1 (0:1), додека претходно актуелниот првак Јувентус се намачи кај Џонова за победата до 4:2 (2:2).

На римски „Олимпико“ поведе Рома уште во 14 минута со убавиот гол на Џеко, а римската „волчица“ уште три пати ја тресеше стативата на голот на Интер. При резултат 0:0 стативата го спречи погодокот на Коларов, а кај 1:0 на Нианголан и на Пероти. По овие малери, на домашните, следеше пресвртот. Икарди со својот прв гол на мечот во 67 минута израмни на 1:1, а со вториот десет минути подоцна ги доведе „нероаѕурите“ од Милано во водство, а Векино, повторно по десет минути во 87-та го постави конечниот резултат.

Претходно во Џенова домашните против Јувентус го прокоцкаа раното убедливо водство од 2:0, па му овозможија на првакот да ја забележи и втората победа на стартот од новиот шампионат. Во првата минута Џенова поведе преку автоголот на Миралем Пјаниќ, откако топката го погоди во колено и заврши во мрежата на неговата екипа, а водството на домашните веќе во 7 минута го уводи Галабинов од пенал. Овој пенал беше досуден по прегледување на снимката, бидејќи судијата Банти не го виде прекршокот на Ругани над Галабинов, што е втора ваква ситуација во новата сезона и тоа вторпат против торинската „стара дама“.

Сепак, Јувентус до полувремето се врати во мечот со двата гола на Дубала. Аргентинецот во 14 намали на 1:2 по асистенцијата на Пјанич, а потоа во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме реализираше најстрога казна. И овој пенал беше досуден по прегледување на снимка за судијата да се увери дека ударот на Манџукиќ од петерцот го погоди в рака Лазовиќ и го спречи минувањето на топката кон голот.

Целосниот пресврт дојде во 62 минута, кога Манџукиќ го проигра Квадрадо, а Колумбиецот беше снаодлив во казнениот простор на домашните и ја затресе мрежата. Конечниот резултат го постигна Дибала со својот трет гол на мечот во втората минута од судиското продолжение на второто полувреме.

Во третиот саботен натпревар Болоеа како гостин го совлада новајлијата во лигата Бенвенето со голот на Донсах во 55 минута.

Во недела се среќаваат Торино – Сасуало, Милан – Калјари, Киево – Лацио, Кротоне – Верона, Фиорентина – Сампдорија, Наполи – Аталанта и СПАЛ – Удинезе.