Јуве се спаси против Аталанта, Наполи го декласираше Интер

ANSA / CESARE ABBATE

Во средбата 37-то коло од италијанското фудбалско првенство Јувентус и Аталанта одиграа 1:1 а новиот-стар првак се спаси во последнот дел од мечот, додека во вториот дуел вечерва Наполи со 4:1 ги победи Интер.

Аталанта немаше премногу обѕири за славеничката атмосфера во Торино за Масимилијано Алегри, Кристијано Роналдо и Андреа Барзаљи. Екипата од Бергамо се бори за Лигата на шампионите и сите 90 минути играша максимално ангажирано.

Гостите поведоа во 33 минута со голот на Јосип Иличич. Алехандро Гомез нафрли од корнер, Андреа Масеиљо ја префрли топката на втората статива каде Иличич ја спроведе топката во мрежата. Израмни Марио Манџукиќ во 80 минута, откако во игра влезе 19 минути претходно. Хуан Квадрадо со долга топка нафрли во шеснаесетникот, а Манџукиќ со лизгачки старт на втората статива ја турна топката во мрежата низ нозете на Пјерлуиџи Голини. Во последните моменти од дуелот, Јувентус остана со играч помалку откако беше исклучен Филопо Бернардески.

Во вториот меч вечерва Наполи го декласираше Интер со 4:1 и сега „Нераѕурите“ имаат проблем за пласман во Лигата на шампионите. Наполи поведе во 16 минута со одличниот погодоок на Пјотр ЗЗјелински со удар од повеќе од 25 метри, а на 2:0 зголеми Дриес Мертенс во 61 минута по асистенцијата на Хозе Каљехон. Сите диелми околу победникот ги разреши Фабијан Руиз во 71 минута. Седум минути Руиз повоторно беше стречец,а Маурисо Икардо намали од пенал во 82 минута.

Во претходно одиграниот меч Милан со победата од 2:0 против Фросиноне остана во игра за пласман во Лигата на шампионите. Победата на „Росонерите“ им ја донесоа Кшоштоф Пјатек 58 и Сусо во 67 минута. Гостите, пак, имаа можност први да поведат, но во 50 минута Камило Чјано не реализираше пенал.

Пред последното коло за преостанатите две места за Лигата на шампионите конкурират Аталанта со 66, Интер со 66, Милан со 65 и Рома со 63 бодови, а Интар и Аталанта се во најдобра позиција, бидејжи самите одлучуваат за својата судбина. Аталанта во последното коло ќе игра на победа против Сасуоло, додека Интер ќе ги бара сите три бода против Емполи кој, пак, се бори да го зачува прволигашкиот статус. Милан гостува кај СПАЛ, а Рома ќе ја пречека Парма, две екипи од средината на табелата.

Емполи со неочекувано високата победа од 4:1 над Торино дојде на 17-то место со 38 бодови, еден повеќе 18-та Џенова која е на местото кое води во баражот са опстанок во Серија А. Торино, пак, ја пропушти шансата во последното коло да фати приклучок за излез во фудбалска Европа. Остана на седмото место со 60 бодови, три помалку од шестата Рома од позиција која води во квалификации за Лига Европа.

Во мечевите без поголемо значење за изгледот на табелата, одаман испаднатото Киево одигра 0:0 дома со Сампдорија, а Парма со автоголот на Жерсон во 80 минута ја победи Фиорентина.

Колото го затвораат во понеделник Лацио и Болоња.