Јуве сигурен против претпоследниот Фросиноне

Актуелниот фудбалски шампион на Италија, торински Јувентус со 3:0 (2:0) го совлада слабиот Форисиноне во петокот во првиот натпревар од 24-то коло на националното првенство.

Головите за Јувентус ги постигнаа Пауло Дибала во 6, Леонардо Бонучи во 37 и Кристијано Роналдо во 63 минута.

Јувентис сега има 66 бодови на првото место, 14 повеќе од второпласираниот Наполи, додека Фросиноне остана на 19-то место со 16 бодови, два помалку од 17-та БНолоња и 18-от Емполи.

Во сабота на програмата се два меча во кои се среќаваат Калјари – Парма и Аталанта – Милан. Колото во недела го продолжуваат двојките СПАЛ – Фиорентина, Удинезе – Киево, Џенова – Лацио, Емполи – Сасуоло, Интер – Сампдорија и Наполи – Торино, а во понеделникот го заокружуваат Рома и Болоња.