Јувентус е како голема планина за Лион

Фудбалските возбудувања на клупската сцена ќе бидат комплетирани откако ќе бидат одиграни и првите 1/4 финални дуели од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Според звучноста на ривалите, убедливо најголемо внимание би требало да привлече првата пресметка помеѓу францускиот прволигаш Лион и актуелниот шампион на Италија, тимот на Јјувентус.

„Да, ја слушнав изјавата на мојот колега од спротивната страна. Слушнав дека Јувентус е како голема планина. Се надевам дека Лион нема да го освои врвот од таа планина. Се надевам дека непријатниот пораз од Наполи ќе биде еден вид на катализатот, дека ќе делува екстра мотивирачки врз моите фудбалери. Очекувам фантастичн игра од моите фудбалери, очекувам победничка реакција. Добро го анализирав стимот на Лион, ги знам најсилните и најслабите точки. Да не заборавиме дека Лион до пред неколку сезони беше пред Јувентус кога е во прашање клупската сцена”, изјави предводникот на „старата дама”, Антонио Конте.

Иако игра на гостински терен, португалскиот гигант Бенфика важи за голем фаворит и во првиот дуел против холандскиот прволигаш АЗ Алкмар.

Далеку потешка задача ќе има вториот португалски претставник, тимот на Порто, кој ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во дуелот против секогаш незгониот тим на Севилја.

Ништо понеизвесен нема да биде и дуелот помеѓу претставниците на Швајцарија и Шпанија, Базел и Валенсија, но овој дуел ќе биде одигран пред празни трибини.