Јувентус е веќе минато за Мирко Вучиниќ

Агентот на црногорскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Мирко Вучиниќ, Алесандро Лучи потврди дека неговиот клиент сигурно ќе си замине од Торино за време на зимскиот преоден рок.

„Вучиниќ веќе разговараше со Конте и го информираше дека сака да си замине од редовите на Јувентус за време на зимскиот преоден рок. Мојот клиент веќе неколку дена не тренира со останатите фудбалери на Јувентус. Се надевам дека до крајот на зимскиот преоден рок ќе најдеме нов клуб за Мирко во кој ќе има статус на стандарден првотимец. Сака  да потенцирам дека мојот клиент во ниту еден момент не побарал да биде продаден”, изјави Лучи.

Италијанските медиуми се уште ја форсираат приказната дека Интер и понатаму е сериозно заинтересиран за услугите на искусниот напаѓач.