Јувентус го надигра Наполи, во римското дерби подобра Рома

Во дербито од седмото коло на италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус во Торино го совлада вицешампионот Наполи со 3:1, а јунаци на мечот беа  двојниот стрелец Марио Манџукиќ и двојниот асистент Кристијано Роналдо.

Наполи многу подобро го отвори мечот, а Каехон во 2 минута ја погоди стативата, а во 10 минута по футсал акција гол постигна Мартенс. Меѓутоа, на сцена стапи Манџукиќ кој во 26 минута на додавање од Кристијано Роналдо со глава ја заби топката во противничката мрежа,а во 49 минута се најде на вистинското место откако Португалецот ја погоди стативата. Конечните 3:1 ги постави и победата на Јувентус ја потврди стоперот Бонучи по уште една асистенција од Роналдо.

Претходно во големото римско дерби на италијанскиот фудбал Рома го надигра Лацио со 3:1, со што направи напредок на табелата.

Дербито го решија грешките и одличниот гол на слободниот удар на Србинот Александар Коларов во 71 минута за 2:1, со што се впиша во историјата како само втор играч кој постигнал погодок во дербито за двата клуба, а до денеска тоа беше ппостигнување само на Швеѓанецот Арне Селмосон и тоа пред 60 години.

Рома поведе по неколкуте врзани гршки на одбрана на Лацио, а стелец со петица беше Лоренцо Пелегрини во 45 минута, кој малку претходно влезе во игра на пестото на повредениот Пасторе. Во 67 минута Чиро имобиле ирамно по големата грешка на бекот на Рома, Фабио Фази, кој, пак, за грешката се извади со голот за конечните 3:1 во 86 минута.

Јувентус води со максималните 21 бод, додека Наполи остана на второто место со 15 бодови. Сасуоло е на третата позиција со 13 и меч помалку. Лацио остана на 12 бодови, на четвртото место, а пробив направи Рома која сега е петта со 11 бодови.